Физичка пресметка меѓу советници во Охрид

На денешната седница на советот на Општина Охрид на кој на дневен ред било гласањето на ребаланс на буџетот дошло до физичка пресметка. Имено, советникот од ДУИ Нефи Усеини и Џемаил Мена од колицијата БЕСА/Алијанса за албанците физички се пресметале во салата каде што се одвивала седницата, пишува Сигнал.

Присутен на настанот бил и градоначалникот на Охрид. Најпрво почнале со вербални навреди на албански да си дорфлаат и во еден момент двајцата се впуштиле еден према друг. Настанот е пријавен во полиција.

ИЗВОР: СИГНАЛ