Фјури облечен како Бетмен повторно го навредуваше Кличко

Фјури облечен како Бетмен и повторно го навредуваше Кличко

Фјури на прес-конференцијата се појави во костим на Бетмен, а за драмата да биде уште поголема, имаше исценирано да “истепа” лице кое беше маскирано во негативниот лик Џокер.

Присутните новинари во салата и Владимир Кличко со неверување го испратија неадекватниот чин на 27 годишниот Фјури, кој потоа без никаков респект се закани дека ќе му го смени личниот опис на светскиот шампион за време на борбата која ќе се одржи во Дизелдорф, Германија.

Ова е посебна мисија за мене, бидејќи на овој начин ќе го ослободам боксот од здодевна личност како тебе. Ти имаш харизма исто колку што има мојата долна облека, една голема нула. Ти си робот кој не е воопшто возбудлив за гледање. Цела Европа сака да види како губиш. Воошто не ме интересираат твоите титули, единствено што ме интересира е да ти го изобличам лицето, му порачал Фјури на својот ривал.

Ова е втор пат британскиот боксер да се однесува недолично кон Кличко, а конечниот епилог од оваа ситуација ќе се случи во Дизелдорф, кога овие двајца боксери ќе ги вкрстат ракавиците во рингот.