Фјури: Вајлдер е преплашен од мене

Британскиот боксер, Тајсон Фјури и американецот Дионтеј Вајлдер очекувано одржаа многу интересна прес- конференција во Лондон, како дел од промоцијата на нивната борба за шампионскиот појас во тешка категорија, во декември во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.

Вајлдер во оваа борба ќе ја брани титулата во ВБЦ конфедерацијата, додека Фјури ќе се обиде да го освои еддинствениот шампионски појас кој не го присовоил кога во 2015 година го победи Украинецот Владимир Кличко.

Британецот, познату како „Кралот на Ромите“ по победата над Кличко имаше многу проблеми откако падна на допинг тест, а му беше одземена и лиценцата. Фјури драстично се здебели, но сепак, се врати и сега е подготвен за нова титула, па затоа беше пожесток на конференцијата.

 

Гледам страв во Дионтеј Вајлдер, можам да почувствувам како му чука срцето преку неговиот костум. Знам кога некој се плаши, а Вајлдер е преплашен. Гледам дека нема самодоверба кога е блиску до мене, гледа во подот, не прави контакт со очите, дури и кога не сме пред новинарите, рече Фјури, додавајќи дека по враќањето не му требало повеќе од две борби за да биде подготвен за Американецот.

Вајлдер не беше премногу возбуден од заканите на Фјури, кои Британецот му ги упати како што тоа го правеше кога требаше да се бори против Кличко.

Луѓето се обидуваат да ми влезат во главата бидејќи мојот ум е многу силен. Тој мисли дека може да го повтори она што правеше со Кличко. Тоа не може со мене, не можеш да ми влезеш во главата, беше дециден Вајлдер.

Двајцата боксери имаат беспрекорен скор, Фјури 29 победи од кои 19 со нокаут, а Вајлдер 40 од кои 39 со нокаут.