Флорида нема да го екстрадира Трамп, вели гувернерот

Потенцијалниот главен ривал на Доналд Трамп за претседателската номинација на Републиканската партија во 2024 година, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, го отфрли кривичното обвинение против поранешниот претседател.

„Флорида нема да помогне во барањето за екстрадиција со оглед на сомнителните околности што се во прашање со овој обвинител на Менхетен поддржан од Сорос и неговата политичка агенда“, напиша ДеСантис на својот Твитер профил.

Засега нема извештаи за какви било потенцијални барања за екстрадиција, бидејќи портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен изјави за АП дека обвинителите се обратиле до правниот тим на Трамп за „да договорат предавање“ и појавување на суд, што се очекува некаде следната недела.

ДеСантис претходно рече дека нема да се вклучи во случајот „на кој било начин“, укажувајќи дека нема да се обиде да помогне во блокирањето на екстрадицијата на жител на Флорида во Њујорк.

„Оружувањето на правниот систем за унапредување на политичката агенда го врти владеењето на правото на глава. Тоа е неамериканско“, додаде Де Сантис.

Трамп не ги откри своите следни чекори, но предупреди во објавата на Truth Social дека овој „лов на вештерки масовно ќе му се врати на Џо Бајден“, додека неговиот адвокат Џо Такопина вети дека „енергично ќе се бори против ова политичко гонење на суд“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.