Фоњини не верува во повредата на Надал: Играше 4 часа и 20 минути

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини ја доведе во прашање сериозноста на повредата на Рафаел Надал.

– Се разбира… Тој играше 4 часа и 20 минути. Момци, престанете да верувате во се што е напишано, ве молам!!! – напиша Фоњини на своите профили на социјалните мрежи.

Вчеравечер Надал го победи Американецот Тејлор Фриц во меч кој траеше за 4 часа и 20 минути и покрај проблемите со стомачните мускули (3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6). Во вториот сет 22-кратниот победник на Грен слем зеде медицински тајм-аут.

Следен противник на Шпанецот ќе биде Австралиецот Ник Кирјос. Тие ќе се борат за пласман во финалето на Вимблдон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.