Фокс њуз: Првпат од независноста во Македонија се осудени шпиони

Пресудите за 17 обвинети во случајот „Шпион“ на судот во Скопје предизвика публицитет во американските и европските медими.

Американската компанија „Фокс Њуз“ објави дека станува збор за „прв шпионски случај“ во Македонија, откако земјата пред 23 години излезе од тогашната југословенска федерација.

Осуммина се обвинети за шпионажа, а другите деветмина за разни кривични дела ,како криминално здружување, уцени и фалсификување, пишува во својот прилог од Скопје „Фокс Њуз“ повикувајќи се на агенциските извештаи за случајот и за судењето.

Американаката ТВ компанија јавува дека целата група осудени се обвинува за „предавање доверливи документи“ на странски разузнавачки агенции, но досега не се споменува за која земја станува збор.
„Фокс“ како и другите медиуми во Европа, јавуваат дека најголемиот дел од судењето било извршено „зад затворени врати„ како и дека „сите обвинети не се именувани“.

Меѓу осудените има поранешни вработени во разузнавањето, во Агенцијата против перење пари, во Министерството за одбрана и кај Финансиската полиција.

Британската ББЦ посочува дека најголеми казни имаат добено главниот обвинет, Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор, како и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, кој доби девет години затвор.

Француската агенција АФП забележува дека овој шпионски круг дејствувал неколку години, во периодот од 2009 до 2012 година.

Сите обвинети и нивните адвокати најавиле дека ќе се жалат на пресудите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.