Фокус на Акцискиот план до изборите во Бугарија, потоа ќе следат политички преговори

За деталите од размената на идеи меѓу работните групи и  министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, за нонпејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одоговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, по рочиштето за судскиот спор меѓу него Зоран Божиновски, кого премиерот го тужи за клевета, кој додаде дека за содржината на информацијата треба да се прашаат ресорните министри.

Заев напомена дека во координација со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата на која пратениците од таа Комисија ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија, при што ќе се земе предвид тие да немаат други работни обврски во Парламентот.

– Процесот на официјални преговори заврши, јас  верувам дека следува процес на реализација на Акцискиот план, а  веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и невнимателно да се преговара за политички теми. Но можеме да работиме на Акциониот план, инфрастурктурата, споротот, образованието, информатичкото општество, туризмот и други обрвски, кои се на двете страни со цел да го јакнеме пријателтвото меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија – нагласи Заев.