Фокус: Сопругата на Стојанче Ангелов од МВР унапредена во Агенција за разузнавање

Јасминка Ангелова, сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов од Министерството за внатрешни работи, каде што беше вработена, била трансферирана во Агенцијата за разузнавање, дознава „Фокус“.

-Според нашите информации од Министерството за внатрешни работи, Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинет на држaвниот секретар. Од таму потврдуваат дека таа не е веќе во МВР, но на прашањето со какви квалификации е префрлена во Агенцијата за разузнавање за одговор не упатија во АР, пишува порталот.

Директорот на Агенцијата, Еролд Муслиу информацијата дали Ангелова е сега во АР, ниту ја потврди, ниту ја демантираше.

Кажа дека не може да одговори на прашања поврзани со кадровскиот состав на институциите од безбедносниот сектор во нашата држава, пренесе „Фокус“.