Фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е во стабилна економија и правната држава

Во фокусот на предизборната кампања ќе бидат две работи, економското опустошување и цветањето на корупцијата со СДСМ, како и воведување на функционален систем на владеење на правото и многу проекти кои што ќе ги испорача раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе се двата избори кои што ќе ги имаат македонските граѓани и јас сум сигурен дека ќе можат да направат јасна разлика, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за дневникот на Канал 5.

Николоски рече дека покрај големиот број на проекти и инвестиции, во фокусот на кампањата ќе бидат економијата и владеењето на правото, посочувајќи дека ќе се воведе функционален систем на владеење на правото во кој што ќе има одговорност за сите без разлика од која политичка партија се.

-Ветуваме дека оваа заспана Македонија во овие три години економски ќе заживее и ќе нема место во државата во кое што нема да се инвестира во инфраструктура. Ги споменавме проектите изминатиот период а исто така ветуваме дека ќе воведеме функционален систем на владеење на правото во кој што ќе одговараат сите без разлика од која политичка партија се, истакна Николоски.

На прашањето кои нови и стари имиња ќе се најдат на листите за пратеници, Николоски потенцираше дека во моментот се вршат консултации во партијата се со цел одбирање на најдобрите лица за пратеници, како и дека коалицијата за Обнова на Македонија ќе се прошири со нови политички партии кои досега не биле во коалиција со ниту една партија, а ќе и партии кои што претходно коалицирале со СДСМ.

-Во тек се консултации во ВМРО-ДПМНЕ. Прво ја прошируваме Коалицијата Обнова на Македонија, тоа ќе биде најголема коалиција во Република Македонија, тука остануваат сите постојни партнери на ВМРО-ДПМНЕ и додаваме нови партнери на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив не се сојузувале со други политички партии, а дел беа во постојната коалиција на СДСМ, што само кажува дека ќе се работи за еден голем бран кој што треба да ги направи промените во Македонија. Второ во однос на кадровската понуда во моментот правиме сондажи на терен, за луѓето кои што се заинтересирани да бидат пртеници во собранието, се распрашуваме за нив, правиме анкети, комуницираме со нашето членство, со неопределени, со оние кои што се разочарани СДСМ и верувајте дека ќе ги имаме токму оние кои најдобро ќе ја претставуваат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и секако ќе имаме позитивни изненадувања во носителите, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски.