Фолксваген инвестира над четири милијарди евра во Кина

Кинеската економија оствари раст од 3,2 отсто во вториот квартал од годинава, со што стана прва економија во светот која остварува раст по избивањето на пандемијата на коронавирусот, а германски „Volkswagen“ најави инвестиции од над четири милијарди евра на кинескиот пазар.

„Отворањето на кинескиот пазар без сомнеж ќе даде поголема можност за компанијата“, изјави генералниот директор на Volkswagen во Кина, Штефан Фоленштајн.

Според него, германската компанија ќе инвестира повеќе од четири милијарди евра во кинескиот пазар во текот на оваа година.

Фоленштајн нагласи дека, иако пандемијата влијаела врз пазарот, Volkswagen  покажал добар бизнис во Кина во првата половина од 2020 година, благодарејќи на тоа што кинеската Влада преземала голем број мерки за олеснување на товарот на компаниите.