Фолксваген повлекува 8,5 милиони автомобили од Европа

Фолксваген ќе повлече 8,5 милиони автомобили од Европа, по скандалот со софтверот за лажирање на податоци за емисијата на штетни гасови.

Детали за одлуката сеуште не се познати, но компанијата тврди дека ќе контактира со клиентите, односно со сопствениците на возилата. Како што тврдат, забрзано се работи на изнаоѓање решение за проблемот во кој се нашла компанијата, пишува „klix.ba“.

Германските медиуми објавиле дека тамошниот Сојузен оддел за моторни возила КБА го одбил предлогот на Фолксваген сопствениците на автомобилите доброволнода ги однесат авоите возила на поправка.

Италијанската полиција извршила претсрес во просториите на Фолксваген во Верона во склоп на истрагата на италијанското држвно обвинителство за наводната комерцијална измама.

Шефот на американската подружница на Фолксваген, Винфраид Валанд, поднесе оставка поради „разликата во сфаќањата на деловната филозофија на компанијата меѓу него и управниот одбор.“folksvagen-naslovna-motor

Откако минатиот месец е откриено дека Фолксваген вградил во дизел моторите софтвер кој ги лажира податоците за емисијата на испуштени гасови, од компанијата признаа дека таа програма е вградена дури во 11 милиони нивни автомобили ширум светот.

За излез од овој скандал Фолксваген ќе потроши 6,5 милијарди евра, но стручњаците сметаат дека за таа штета ќе им требаат многу повеќе пари.

 

Прочитајте повеќе:
Сите знаеле за измамата на Фолксваген, но лојално молчеле

Црно му се пишува на „Фолксваген“ во САД, во Македонија нема кој да контролира