Фон дел Лејен ќе живее во својата бриселска канцеларија

Новоизбраната претседателка на Европска комисија, Урсула фон дер Лејен, ќе живее во соба веднаш покај својата канцеларија, во седиште ЕК во Брисел, потврдил нејзиниот портпарол за агенцијата DPA во четвртокот.

Фон дер Лејен, поранешната германска министерка за одбрана, би требало да ја преземе должноста на шефица на Европската комисија на 1-ви ноември. На таа должност ќе го наследи Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер, кој живееше во хотелски апартман од 50 квадратни мерки недалеку од Комисија за 3.250 евра месечно.

Германката, пак, како што пишува дневниот весник Die Welt, ќе живее на 13-от кат од Берлеимон, главната зграда на ЕК, во соба од 25 квадратни метри која е преуредена за таа цел.

Имајќи дека безбедносните мерки веќе се засилени околу Европската комисија, тоа значи дека нема да треба да се преземаат натамошни мерки, бидејќи таа таму ќе живее, рекол нејзиниот портпарол.