Фон дер Лајен ќе бара и британски еврокомесар, ако се одложи Брегзит

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, денеска во Хелсинки изјави дека доколку повторно биде пролонгирано излегувањето на Велика Британија од ЕУ таа ќе побара Лондон да именува и испрати во Брисел свој еврокомесар.

Фон дер Лајен оцени дека шансите Лондон да добие продолжување на тој рок се „многу добри“, но рече дека не е јасно до кога може да биде пролонгиран Брегзит..
Премиерот на Финска, претседателство со ЕУ, Анти Рине, на заедничката прес-конференција рече дека поголемо мнозинство, а можеби и „сите членки на ЕУ“, го поддржуваат предлогот за продолжување на крајниот рок на Велика Британија за напуштање на Унијата.

Премиерот на Финска Анти Рине, чија земја претседава со ЕУ, на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен истакна дека големо мнозинство, а можеби и сите членки на ЕУ ќе го поддржат предлогот на Велика Британија да и се продолжи рокот за излегување од Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.