Европската унија ќе ѝ одобри заем до 35 милијарди евра на Украина за да ѝ помогне на земјата заглавена во тешка војна со Русија, објави во петокот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Заемот, кој беше најавен во текот на посетата на шефицата на Комисијата на Киев, е дел од поширокиот план на земјите од Г7 (САД, Гернанија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија) за собирање средства со користење на средствата со користење на прходите од руските имоти замрзнати за да се санкционира Русија поради инвазијата.
„Немилосрдните руски напади значат дека на Украина ѝ е потребна континуирана поддршка од ЕУ“, рече фон дер Лајен во објавата на X.
Украина се соочува со огромни финансиски потреби по повеќе од две години интензивна војна која ја уништи нејзината инфраструктура. Русија од погон исфрли околу 9 гигавати (GW) од енергетската инфраструктура на Украина.
Групата 7 (Г-7) замрзна руски финансиски средства во вредност од околу 300 милијарди долари многу брзо по почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. Тие ветија дека ќе ги искористат средствата за да му помогнат на својот сојузник, но поминаа месеци дебатирајќи точно како може да функционира таков механизам, имајќи предвид дека ги прекршува меѓународните правни прописи и може да претставува ризик за натамошното функциониање на меѓународниот финансиски систем.
Во мај, ЕУ склучи договор меѓу своите земји-членки, според кој 90 отсто од тие приходи ќе одат во фонд управуван од ЕУ за воена помош за Украина, додека останатите 10 отсто ќе го поддржат Киев на други начини.
За овој капитал има извонреден интерес бидејќи заглавил и станал таканаречена „неочекувана добивка“. Се очекува Украина да ја добие првата транша од помошта во јули, соопштија дипломатите на ЕУ.