Фон дер Лејен: Донациите на вакцините за сиромашните земји се на чекање

Европската унија во моментов не е во можност да донира вакцини против коронавирусот за посиромашните земји, изјави во неделата претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Доста голем е притисокот врз земјите членки (на ЕУ) да ги набават вакциниците за себе“, изјави фон дер Лејен за германската медијска мрежа Funke Media Group.

Меѓутоа, челничката на Европската комисија ја истакна финансиската поддршка на иницијативата Covax за распределба на вакцините за посиромашните земји и напорите на Светската здравствена организација (СЗO – WHO) да го исигури за овие земји пристапот до вакцините против коронавирусот.

„Европската унија во оваа иницијатива вложи 2,2 милијарди евра, Covax веќе испорача 30 милиони дози во 52 земји“, тврди фон дер Лејен.

Механизмот кој ѝ овозможува на Унијата директно да ги дели вакцините со другите земји нема да може да започне „додека нема да имаме подобра ситуација во производството во ЕУ“, наведува шефицката на Комисијата.

Фон дер Лејен активни заговараше осигурување вакцини против Covid-19 ширум светот уште во пролетта минатата 2020 година. Меѓуота, сѐ уште е непроменета ситуацијата во којашто најголемиот дел од дозите им се испорачуваат на побогатите земји, а до вакцините тешко доаѓаат посиромашните држави.