Фон дер Лејен „гледа напредок“ по средбата со Орбан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави во понеделникот вечерта дека е остварен напредок и оти се разјаснети некои прашања со унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја се противи на ембаргото на увозот на руска нафта.

Средбата на двајцата политичари во Будимпешта „придонесе да се разјасна поедини точки врзани со санкциите иенергетската безбедност“. „Напредувавме, но има уште работа“, напиша Фон дер Лејен на Twitter по средбната со Орбан.

Најави притоа скорешна видео-конференција „со другите актери од регионот“ за да ја зајакне регионалната соработка во нафтената инфраструктура.

Европската комисија во средата го престави новиот предлог за новите антируски санкции кои вклучуваат забрана на увозот на сирова нафта од Русија во рок од шест месеци и нафтени преработки до крајот на годината.

Патувањето на фон дер Лејен во унгарската престолнина дојде во прериодот кога продолжуваат преговорите на 27-те претставници на земјите членки на ЕУ со Европската комисија за да се дојде до довор за новите санкции. Изминатиот викенд не беше постигнат договор бидејќи Унгарија, Словачка и Чешка продолжуваат да бараат поширока рамак од забраната за увозот на нафта од Русија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто се закани со вето на пакетот санкции во сегашната форма, бидејќи тој би предизвикал големи економски последици за Унгарија. Во понеденикот вечерта рече дека Унгарија не може да го прифати предложениот пакет европски санкции за Русија додека нејзините стравување не бидат решени.

„Унгарија нема да даде согласност на предлогот на ЕК за санкциите против Русија, бидејќи тој создава проблем а не нуди решение“, изјавил шефот на унгарската дипломатија кого го цитира портпаролот на владата Золтан Ковач.

Премиерот Орбан минатата седмица за планираното ембарго рече дека би имало последици како „атомска бомба за економијата на Унгарија и би го уништил нашето стабилно енергетско снабдување“.

За прифаќање на шестиот круг санкции на ЕУ против Русија потребна е едногласна поддршка од 27-те земји членки.

Во предлогот се предвидени и изземања, но Унгарија и Словачка веднаш ги оценија како недоволни. Двете земји, како и Чешка, се многу зависни од увозот на руската нафта и тешко можат да обезбедат алтернативни правци за испораки. Во меѓувреме, за изземање интерес најави и Бугарија, која се закани и со вето на предлгот за новиот пакет санкции.

Будимпешта пресмета дека ќе ѝ бидат потребни пет години за да може целосно да се откаже од руската нафта.

Како што појаснил за AFP неименуван европски дипломат, на Унгарија за сигурано и непречено снабдување со нафта би ѝ бил потребен нов нафтовод кој би бил поврзан со Храватска која има излез на море. Покрај тоа, Будимпешта бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира на изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за финансиски средства од фондовите на ЕУ.