Фон дер Лејен: Сомнежите за корупција во ЕУ се „многу сериозни

Сомневањата за корупција во Европскиот парламент се „исклучително сериозни“, оцени во понеделникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Овие наводи се крајно загрижувачки, крајно сериозно. Тоа прашање за довербата на луѓето во нашите институции“, рече фон дер Лејен потсетувајќи дека предложила создавање „независно тело“ за етички прашања во институциите на Европската унија.

Во петокот во Брисел беа уапсени неколку лица по најмалку 16 спроведени претреси поврзани со истрагата за тоа дека една земја од Персискиот залив платила значителна сума пари за да издејствува влијание врз пратениците во Европскиот парламент, Притоа, белгиската полиција запленила 600.000 евра во готовина.

Меѓу уапсените е и потпретседателката на Европскиот парламент, грчката европратенички Ева Каили од редовите на европските социјалисти и уште три лица. Обвинети се за учество во криминална организација, перење пари и корупција.

Фон дер Лејен рече дека Европската комисија го проверува својот регистер на транспарентност во кој се документирани сите состаноци на еврокомесарите и нивниот помошен персонал со „претставници на интересни групи“, односно лобисти кои се и регуларно пријавени.

Белгиското обвинителство соопшти дека со месеци се сомневале дека Катар се обидува да влијаа врз одлуки кои се носат во Брисел, а катарските функционери ги отфрлија обвинувањата за можни законски прекршувања.

„Секое поврзување на катарската влада со наведените тврдења е неосновано и претставува сериозна дезинформација“, изјавија функционери од Доха.

Европскиот парламент и требало седмицава да гласа за предлогот за продолжување на безвизните патувања во Европската унија за функционери и граѓани од Кувајт, Катар, Оман и Еквадор. Некои пратеници предложиле да биде одложена дискусијата и гласањето за ова прашање.