Фон дер Лејен загрижена од големите кастрења во предлогот за новиот буџет на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изрази во средата загриженост поради „значителните кастрења“ предложени за доголорниор буџет на Европската унија од 2021 година.

Фон дер Лејен го коментираше новиот предлог на буџетот кој неодамна го изнесен финското претседателство со ЕУ, додека продолжуваат тешките преговори меѓу државите членки за новата повеќегодишна финансиска рамка за периодт од 2021 до 2027 година.

„Загрижена сум поради значителните кастреа кои се наоѓаат во овој предлог“, рече фон дер Лејен на редовната конференција за новинарите.

Според финскиот предлог, буџетот би изнесувал 1,07 отсто од БДП-то на ЕУ. Тоа е помалку од 1,11 отсто колку што предложи ЕК и 1,15 отсто колку што предложи Европскиот парламент, но повеќе од 1 отсто колку што предлага Германија, најголемиот нето уплаќач, која има поддршка од Холандија.

Челниците на земјите членки повторни ќе го разгледаат ова прашање на последниот самит оваа година во Брисел следниот четврток и петок. Конечниот договор, според искажаните надежи, треба да биде постигнат следната година.

Станува збор за секогаш чувствителни политички преговори, а овојпат беа уште потешки поради процесот на истапување на Обединетото Кралство од Европската унија, поради што во заедничкиот буџет че се појави голем кусок.

Договорот мора да биде постигнат едноглсно и мора да го прифати Европскиот парламент.