Фон дер Лејен бара поддршка од Европскиот парламент, многу пратеници разочарани

Урсула фон дер Лејен, изборот на челниците на 28-те земји членки на Европската унија за позицијата претседател на Европската комисија, во средата допатува во Стразбур со цел за своето именување да обезбеди поддршка од пратениците во Европскиот парламент, од кои многумина се незадоволни од исходот на мачните преговори од самитот на челниците во Брисел.

Европскиот парламент за именувањето на германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен на позицијата челник на Европската комисија би требало да гласаат на следната пленарна седница кон средината на јули. Фон дер Лејен разговорите со водечките парламентарни групи во Европскиот парламент ги започна во средата попладнето со најбројната групација на Европската народна партија (ЕРР) на која припаѓа и нејзинада Христијанско-демократска унија (CDU).

„Одлучив дека мојата прва станица ќе биде тука во Стразбур за да се сретнам со Европскиот парламент, бидејќи тука бие срцетот на европската демократија“, изјави фон дер Лејен за новинарите во Европскиот парламент.

На средбата со парламентарците од десниот центар, кандидатката за претседателка на ЕК кусо се претставила и одговорила на неколку општи прашања, соопштија од ЕРР.

Фон дер Лејен во текот на пленарната седница на парламентот во Стразбур треба да се состане со новозибраниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли, и со другите политички групации чијашто поддршка ѝ е потребна за избори.

Меѓутоа, многу европарламентарци не го кријат разочарувањето од конечниот исход од самитот на Европскиот совет кој ја исфрли фон дер Лејен како кандидатка за прв човек на ЕК, зашто со тоа според нив се урива концептот на „шпиценкандидат“ кој требаше да ги демократизира изборните процеси во Европската унија. Меѓу нив е и кандидатот на ЕРР, Манфред Вебер, кој во вторникот го изрази своето разочарување од непочитување на идејата за водечки кандидат за местото претседател на ЕК, како и многу негови сопартијци во Европскиот парламент, кои истакнуваат дека сепак прифаќањето на компромисот е во интерс на функционирањето на ЕУ.

Во текот на вечерата фон дер Лејен треба да учестуваа на редовниот состанок на пратеничката група на социјалистите и демократите (S&D), од каде велат дека не може да се процени дали таа ќе ја добие поддршката на оваа групација бидејќи таа „стана кандидатка на начин кој го понижи прицесот на избор на шеф на Комисијата“.

Челничката на Зелените во Еропскиот парламент и една од кандидаткитеза претседател на парламентот, Ска Келер, изјави во врска со договорениот пакет именувања на петте челни позиции во ЕУ, дека тоа претставува „гротескна манипулација“, како и дека не задоволува никој освен партиите во нивните „игри на моќта“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.