Фондот CEPI дава 66 милиони долари на кинеска компанија за развој на вакцина за Covdi-19

(AP Photo/Sakchai Lalit)

Кинеската компанија „Clover Biopharmaceuticals Inc“ примила 66 милиони американски долари од Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии (CEPI), којашто ја сочинуваат и финансираат влади и филантропски здруженија, за да го поттикне развојот на вакцината за опасната респираторна болест Covid-19.

Во април годинава CEPI на оваа кинеска компанија ѝ даде почетни 3,5 милиони долари, по најавеното партнерство од двете страни.

Фондот CEPI е основан во Осло во 2017 година, како одговор на новите епидемии и оние кои евентуално би следеле. Оваа организација ја поддржуваат 14 влади во светот, како и разни фондации, како што се „Bill and Melinda Gates Foundation“ и британската „Wellcome Trust“.

Големи суми пари CEPI инвестираше и во други фармацевтски компании кои работат на развој на вакцината која треба да го сузбие ширењето на новиот коронавирус SARS-CoV-2, вклучително и компаниите „Inovio Pharmaceuticals Inc“, „Moderna Inc“ и „Novavax Inc“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.