Форбс ја објави листата на најплатените актери

Најплатениот актер за 2019 е Двејн Џонсон , кој викендов се ожени за својата долгогодишна девојка, Лорен Хашијан.

47 – годишниот актер во периодот од 1.јуни 2018 до 1.јуни 2019 заработил неверојатни 89,4 милиони долари , со што го надмина второпласираниот Крис Хамсворт (76,7) за цели 13 милиони долари. Освен со филмовите ,,Карпата” заработува и од реклами на брендови , што очигледно е добар извор за заработувачка , бидејќи само на Инстаграм го следат 154 милиони луѓе. Двејн и во 2016 беше прв на листата на Форбс , а претходните дбе години се најде на второто место.

Листата на актери кои заработиле најмногу изгледа вака:

1. Двејн Џонсон – 89,4 милиони долари

2. Крис Хемсворт – 76,4 милиони долари

3. Роберт Дауни Џуниор – 66 милиони долари

4. Акшај Кумар – 65 милиони долари

5. Џеки Чен – 58 милиони долари

6. Бредли Купер – 57 милиони долари

7. Адам Сендлер – 57 милиони долари

8. Крис Еванс – 43 милиони долари

9. Пол Рад – 41 милиони долари

10. Вил Смит – 35 милиони долари