„Форбс“ ја прогласи Ријана за милијардерка

Ријана се прослави благодарение на нејзината музика, по што се обиде во актерството и започна бренд за долна облека која сега вреди 1,7 милијарди долари, според „Форбс“.

Тие, исто така, објавија дека стана „најбогата пејачка во светот и дека зад неа остана Опра Винфри, најбогатата водителка“.

Беше забележано дека поголемиот дел од нејзиното богатство потекнува од не-музички бизниси, главно од нејзините брендови „Fenty Beauty“ и „Savage x Fenty“.

Ријана, позната по песните „Umbrella“, „Only Girl“ и „Work“, е една од најпродаваните музички уметници на сите времиња. Има девет Греми награди, 13 американски музички награди и 12 музички награди Билборд.

Во последно време, таа го одвлече вниманието од музиката и се фокусираше на својот бренд за убавина.

Fenty Beauty, во која Ријана ја дели сопственоста со францускиот луксузен конгломерат LVMH, беше лансирана во 2017 година и беше хит во првата година од своето постоење, а според Форбс донесе повеќе од 550 милиони долари годишно.

Забележано е дека најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од не-музички бизниси, главно од нејзините брендови Fenty Beauty и Savage x Fenty.

„Savage x Fenty“, кој беше лансиран во 2018 година и е заедничко вложување со „TechStyle Fashion Group“ (Ријана има 30% сопственички удел), собра 115 милиони долари финансирање на почетокот на оваа година, со што вредноста на брендот достигна 1 милијарда доларi. Планот е средствата да се искористат за отворање продавници за „Savage x Fenty“.

Преземено од: https://www.novosti.rs/
Фотографии: Инстаграм