Форбс: Македонија – Земја која е на патот да стане богата

„Форбс“ објави анализа за перспективите на развој на земјите во светот, според која на Македонија и се предвидува убава иднина. Во анализата со наслов „Овие земји со средни приходи имаат перпектива во збогатување“, за Македонија има оптимистички предвидувања во кои шансите за транзитирање од земја со ниски приходи во земја со високи приходи и богата економија  се поволни.

Ефеини, виш истражен аналитичар, во своето истражување извршил проценка на потенцијалот на секоја од овие земји да „дипломира“ во класата на „земји со високи приходи“ според нивната споспобност да го поминат еден од петте транзициони модели кои им помогнале на други нации да го напраават овој премин во неодамнешното минато. Ова значи дека, тие се или членки на Светската трговска организација или пак се членки на економски организации со други земји кои се богати со ресурси и имаат фокус на домашна технологија и развој преку увоз на технологии со цел изградба на базата на знаења на земјата, издигнување на вештините на популацијата, и пазарот на високоплатени позиции.

„Земјите можат рапидно да се издигнат над нивоата на егзистенцијални приходи едноставно со тоа што ќе ги подобрат факторите на производство и продукција кон поефективни начини. Сепак откако „овошјето на ниските гранки е набрано“  потешко е да се одржи висока стапка на раст. Во оваа фаза мора да бидат креирани услови за покомпетитивна, претприемничка, попродуктивна и конечно екномија во која ќе се создаваат високи приходи. Сепак, не сите економии успеваат во оваа транзиција, многу од нив пропаѓаат во таканаречената „замка на средните приходи“, вели истражувачот Ефини, стои во анализата објавена во весникот.

При сортирањето на 215 земји кои ги следи Светската Банка, вишиот истражен аналитичар Ехиварио Ефеини од американската „ Trust Bank of America Wealth Management“ (Траст Банка на Америка на Менаџмент на богатство) , направи еден обид да ги детектира новите „еден процент“ со анализа од врвот кон дното. Еифени земал предвид три атрибути при неговото истражување. Овие атрибути за земјите кои се анализирале, ги вклучувале следните  карактеристики : земјата веќе да биде во рангот на земја со висок или среден приход, да има високоразвиено ниво на управување и критериумот за напредокот на корпорациите и агенциите за следење и безбедност по финансиската криза во 2008 година. Оние кои ги исполнувале овие критериуми, влегле во полуфинале. Ваквата селекција исфрлила листа ос 14 имиња: Бразил, Чиле, Малезија, Мексико, Србија, Македонија, Црна Гора, Полска, Боцвана, Коста Рика, Антигва и Барбуда, Сејшелите, Тонга и Маврициус. Ја вклучиле Антигва во нивната нова листа на богати,но според стандардите на Светската Банка, островот на даночниот рај веќе е таму со БДП од приближно 13.000 долари по жител.

Според истражувањетоМакедонија, Србија, Бразил, Црна Гора и Боцвана се земји оценети со средна веројатност за транзиција во земји со богата економија. Мексико, Чиле, Малезија, Полска, Маврициус и Сејшелите имаат висока веројатност да преминат од земји со средно ниво на пригходи во земји со високи приходи, додека Коста Рика и Тонго нема веројатност дека ќе ја поминат границата и ќе успеат да се вбројат во земјите со високи приходи, пишува во анализата објавена во „Форбс“.

Во анализата се наведува примерот на Маврициус кој иако има берза, но таа не е перцепирана од инвеститорите како лесно место за работа во кое би ги вложиле своите пари. На пример, не постои Маврициски фонд за тргувањата направени на нивната берзата кој би им гарантирал на странските инвеститори безбедност на нивните тргувања со хартии од вредност.Земјите со висок приход не се безгрешни. Сите имаат отворени пазари додека само неколку  земји се очекува да се искачат на скалата на побогатите и да имаат пазари пожелни за тргување, според очекувањата на американската банка за која работи истражувачот.

„Со еден збор, управувањето е примарно прашање кое ги одвојува растечките економии од развиените и од „ниско или средно приходните економии“, заклучува Ефини.

Треба да се има предвид следново: Мексико уште во 1996 година имаше БДП по жител еднаков на оној на Кина денес, грубо околу 6.200 долари по жител. Приближно 20 години подоцна, БДП на Мексико по жител изнесува 9.741 долари. Во текот на овој период, индексот на раст на економијата на Мексико порасна за 518 отсто. Замислете  ги индексите на раст на Мексико доколку нивото на БДП порасне и се израмни на нивото на Шпанија од 29.000 долари по жител.

Доколку Ефеини е во право, и овие земји го зголемат богатството во наредните години, може да се случат „чуда“ со поседите во тие земји.

Во лексиконот на Светската Банка, земјите како Кина и Бразил всушност се сметаат за земји со висок среден приход. Сепак, ова е голем свет, и поголемиот дел од светот сеуште е со нисок приход што го позиционира средината блиску до 10.000 долари годишно. Но, нколку нации во развој од оваа група ќе се подигнат, нивното општество ќе стане побогато, средната и работничката класа  кои заработуваат она што во америка се смета за плата за сиромашни ќе се изамнат со нивните браќа во Европа и Јапонија.

Според Светската Банка, има 74 нации и територии според нивоата на приход, вклучивајќи ги и Девствените острови, Хонг Конг и францускиот и холандскиот св,Мартин на Карибите. Се на се, нациите со високи приходи имаат популации приближно на големината на Индија, 1,3 милијарди и управуваат со 49,7 трилиони од светскиот БДП базирано на вредноста на доларот од 2012 година. Тоа е повеќе од двојно споредено со 22,9 трилиони од богатството креирано од страна на земјите со среден и низок приход.