Форбс: Никогаш полоша гледаност на едни Олимписки игри

18

Форбс објави дека отворањето на Олимписките игри во директен пренос го гледале 17 милиони Американци, што е огромен пад во гледаност во однос на досегашните Игри.

Отворањето на ЗОИ во Пјонгчанг во 2018 година го гледале 28,3 милиони Американци, а во Рио отворањето во 2016 година го следеле во директен пренос 27 милиони Американци. Рекордната гледаност е од ЛОИ во Лондон 2012 година кога отворањето го гледале дури 40,7 милиони Американци.

Огромна е незаинтересираноста и за директните преноси од спортските терени по првите два дена на ЛОИ, и тоа не само во САД туку и насекаде ширум светот.

„Пандемијата на коронавирусот, одложувањето на Игрите како и протестот на Јапонците кои не ги сакаа Игрите во својата земја влијаеја на гледаноста во светот“ – пишува Форбс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.