“Форбс“ за Македонија: Бисер на Балканот

Порталот „ Лидер“  ексклузивно ја објави статијата за Македонија напишана од угледниот светски магазин Форбс. Во мартовското издание во специјална едиција посветена на нашата  држава „Форбс“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид.

Според најновиот извештај на Светската банка за најновите глобалните економски перпективи објавен во јануари 2014 година македонската економија ќе порасне за три  отсто  оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија , Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај „Дуинг Бизнис“  за 2013 ја рангираше државата на високо 25 – то место во светот за правење бизнис, а особено високо оценки имаше за зголемениот прилив на странски инвестиции, како и лесниот пристап до кредити, пишува „Форбс” во мартовското издание на специјалната едиција на текстови посветени на Македонија.

„Ние сме најотворената економија во регионот“, вели во изјава за „Форбс“, министерот за надворешни работи работи Никола Попоски. Пренесувајќи кус разговор со министерот, магазинот пишува дека според индексот на економска слобода, објавен од Херитиџ Фондацијата во 2014 година, како и Волстрит Журнал , Македонија е рангирана на првата позиција во регионот на Југоисточна Европа и на 43 место во светот, а економската слобода е добар индикатор за потенцијален раст.

Ветува и напорот на земјата за промоција на иновациите .Согласно Стратегијата за промоција на иновациите за периодот 2012 – 2020 која беше донесена во мај минатата година беше основан Фонд за иновации и технолошки развој. Иницијативата за создавање на овој Фонд беше поддржана и од Светската банка со финансиска поддршка од 8 милиони евра во првите три години.

„Географската положба е една од нашите главни адути.Ние сме централно позиционирани во Југоисточна Европа и единствената земја без јазични бариери со нашите соседи. Во овие услови, би ги споредил Македонија со Швајцарија и Австрија: мали земји, но со интерес за водење бизнис со своите соседи“, вели Поповски за „Форбс”.

Бисер на Балканот, вака е опишана нашата земја од страна на „Форбс“

Историскиот град Охрид, на пример, кој се наоѓа на на брегот на Охридското Езеро и е опкружен со планини, е исто така убав како најпознатите алпски пејзажи. Градот и езерото се едни од 28 – те во светот на листата на УНЕСКО за заштита на културното наследство

Занаетчиите од овој град се познати по исклучитечниот Охридски бисер, кој тие го произведуваат речиси еден век . Ова чудо од школки е рачно изработено со ултра тенок слој на емулзија од клушките на локалната риба Пласица. Две фамилии Талеви и Филеви го произведуваат единствениот и вистинскиот Охридски бисер , креирајќи гердани, обетки скапоцени камења носено од страна на членови на кралски семејства и звезди.

Made in Macedonia

Автохтоните сорти грозје, како што се Кратошија, Жилавка и Вранец се одгледуваат заедно и се прават заеднички варијанти како Каберне Совињон, Шардоне, Мерло и Пино Ноар, и се особено популарни кај домашни љубителите на вино. Постојат три региони кои доминираат во производството на грозје .Во регинот Повардарие се произведува 85% од виното во Македонија. Десетици производители, и стари и нови, се борат за брзо проширување на домашниот и извозните пазари

„Ние имаме сега близу 100 винарии. Се ранграат од фамилијарни бизниси, па се до винарии како Тиквеш која е најголема во земјава. Порано тие произведуваа една третина од виното во поранешна Југославија. Ние исто така имаме многу мали и средни трговски брендови кои се фокусирани повеќе на квалитетот повеќе од квантитетот“, објанува министерот Поповски.

Формирана во 1885 година, винаријата Тиквеш, можеби е најстарата винарија, но останува лидер во иновациите. Со еден од најпознатите светски енолози Филип Камби , Тиквеш доби 94 поени за виното Бела Вода и 90 поени за Вранец Спешл Селекшн од познатиот Роберт Паркер за 2010 година. Според Игор Илиевски , генералниот директот на Тиквеш компанијата инвестира 34 милиони долари во производство, менаџмент и човечки ресурси за да изгради бизнис и бренд.

„Моментално ние продаваме повеќе од 12 милиони шишиња годишно и имаме над 13.000 хектари лозје. Ние сме мешавина помеѓу модерен потрошувач и традиционална земјоделска компанија. Главниот предивик е да воспоставиме македонски вински бренд “, вели Илиевски и додава дека растот доаѓа од извозот.

Винаријата Стоби е лоцирана во Градско , близу до најпознатиот македонски архелошки град, Стоби . Винаријата е една од поновите винарии во светот и има за цел да прави вина кои се базираат на тероар Формирана во 2009 благодарение на инвестицијата од 27 милиони долари, произведува 4, 5 милиони литри на високоо квалитетно црвенио, бело и розе вино секоја година .Ние имаме 1. 500 хетари на лозови насади и произведуваме околу 7.700 тони грозје вели сопственикот Минчо Јорданов.

За оние пак кои не преферираат да го консумираат овошјето од виното , една од македонските најголеми компании обезбедува соодветна алтернатива е Алкалоид која произведува растителни чаеви во додаток со фамацевска индустрија и козметика повеќе од 70 години. Денес нејзините производи се продаваат во 27 земји.

„Органските чаеви Good Nature се сертифицирани од интернационални институции во европските , американските и јапонските пазари“, вели Живко Мукаетов , генерален директор на Алкалоид. Компанијата исто така произведува чај за Аведа, дел од Естее Лаудер група, кои се стационирани во стоковни куќи во Лондон, Хародс.

“Ја дефиниравме нашата мисија кон постојано тежнеење за поздрав свет“ вели Мукаетов и додава дека компанијата е извозно ориентирана со стабилна позиција на пазарот, отворена за нови пазари и партнерства, производи со врвен квалитет, примена на најновите технологии, и највисока бизнис стандарди.