Формирани групите од плеј-оф и плеј-аут на машкиот ракометен шампионат

54

По комплетирањето на првата фаза од македонскиот ракометен шампионат познати се екипите кои ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот и колку бодови пренесуваат во следната рунда од машката ракометната Суперлига.

Актуелниот ракометен шампион Вардар 1961 е лидер на табелата со пет бода во разигрувањето за титула и за Европа.

Зад него е главниниот конкурент за титулата Еурофарм Пелистер. Двата тима ќе играат во рамки на 2. коло пред крајот на март (26/27 март), како и во седмото коло, на самиот крај на месец април или првиот ден од мај.

Суперлига Плеј-оф 2021/22:

1. Вардар 1961 – 5 бода
2. Еурофарм Пелистер – 4
3. Еурофарм Пелистер 2 – 3
4. Бутел Скопје – 2
5. Тиквеш – 1
6. ГРК Охрид- 0

Во плеј-аутот изненадува присуството на Пролет кој низ изминатите години играше во Европа. Токму овој клуб ќе биде лидер. Во групата се наоѓа и некогашниот шампион Металургкој не играше во изминатиот период поради административни проблеми.

Суперлига Плеј-аут 2021/22:

1. Пролет – 5 бода
2. Струга- 4
3. Прилеп- 3
4. Металург – 2
5. Скопје 2020 – 1
6. Радовиш- 0

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.