Формирани полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет

Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во Главната руна во двете групи на Европското ракометно првенство за жени, познати се двојките за полуфиналето и за мечот за петтото место.

Во првото полуфинале утре ќе се соочат Данска и Црна Гора, почетокот на натпреварот е во 17:45 часот.

Од 20:30 часот на распоредот е второто полуфинале во кое пласман обезбедија Норвешка и Франција.

Претходно, од 15 часот во мечот за 5. место ќе играа Шведска и Холандија.

Пласман од 7. – 16. место: Германија, Словенија, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Романија, Полска, Швајцарија, Србија, Македонија.

Завршницата на Еуро 2022 се игра во Љубљана.