Формула 1 нема да се вози во Сингапур ако нема гледачи

Организаторите на трката од Светското првенство во класата Формула 1 за Големата награда на Сингапур ја отфрлија можноста да се одржи натпреварувањето без присуство на гледачи на трибините, бидејќи тоа не е исплатливо за нив.

Со тоа дополнително се засилија сомнежите дека оваат трка по улиците на сингапурски Марина Беј ќе се одржи на 20-ти септември, како што беше планирано со ревидираниот календар на натпреварувањето. Според овој план, сезоната треба да започне на 5-ти април на патеката Ред Бул Ринг во асвстриски Шпиелберг, а да продолжу во британски Силверстон на 19-ти јули.

Овие две натпреварувања би требало да се одржат без гледаќи, но водството на Формула 1 не ја отфрли можноста на трките кои се на распоредот во вториот дел од сезоната на навивачите да им биде дозволено да бидат крај патеките.

Промотирите на трката за Големата награда на Сингапур во саботата изјавија дека се во отворен дијалог со водството на Формула 1, но додадо дека „не е исплатливо да го одржат антпреварувањето без навивачите на трибините“. „Нашиот главен приоритет останува благосостојбата и здравјето на нашите фанови, волонтери и сите Сингапурци“, изјави портпаролот на организаторот на трката, додавајќи дека се потребни околу три месеца за подготовка на овој настан.

Минатогодишната трка на улиците на Марина Беј преку двата квалификациски и едниот натпреварувачки ден во живо ја следеле околу 268.000 луѓе, од кои околу 40 отсто биле странци.

Формула 1 сѐ уште не го објави официјално ревидираниот калемдар, откако три трки се конечно откажани, а седум се одложени.

Сингапур со речиси 27.000 позитивни случаи е една од најтешко погодените азиски држави според просекот на заразените со коронавирусот, што најмногу се припишува на големите жаришта меѓу мигрантските работници кои се сместени на многу тесни простори. Сингапурската влада одреди мерка на општа изолација најмалку до 1-ви јуни.