Холанѓанецот Макс Верстапен во тимот на Ред Бул имаше најдобро време на првиот и вториот слободен тренинг за Големата награда на Јапонија, 16-та трка од Светскиот шампионат во Формула 1, на патеката Сузука во петокот.
Верстапен на вториот тренинг зад себе ги остави Шарл Леклер (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен). Клупскиот партнер на Леклер, Шпанецот Карлос Саинц и Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) беа четврти и петти.
Верстапен беше најбрз и на првиот тренинг, втор беше Сајнц, победник на Големата награда на Сингапур, а трет Ландо Норис (Мекларен).
Третата и последна тренинг сесија е закажана за сабота од 4.30 до 5.30 часот по средноевропско време за да се усовршат поставките за болидите пред квалификациите кои ќе започнат во 8 часот по средноевропско време.