Формула го претстави новиот календар со осум трки во Европа

50
EPA/Fernando Bizerra

Раководството на Формула 1 во вторникот го објави новиот официјален календар за сезоната 2020 година, чиј почеток доцни поради пандемијата на коронавирусот, и која почнува на 5-ти јули со трката за Големата награда на Австрија.

Според новиот календар првите осум трки ќе се одржат во Европа меѓу јули и септември. Втората трка, исто така, ќе биде организирана во Австрија, на 12-ти јули, а потоа следи трката во Унгарија на 19-ти јули, па во Влика Британија на 2-ри и 9-ти август, во Шпанија на 16-ти август, во Белгија на 30-ти август и на крајот ќе се вози Големата награда на Италија на 6-ти септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.