Форум „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“

Владата, по повод две години од нејзиното формирање, денеска организира форум со учество на премиерот, вицепремиерите, универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.

На форумот, насловен „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, ќе се одржат две сесии.

На првата сесија „Промени 2017 – 2019: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“ ќе се обратат премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

Втората сесија е насловена „Агенда 2019 – 2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“.  Покрај премиерот Заев најавени се обраќања на новинарот Томислав Кежаровски, универзитетската професорка Беса Арифи, претседателот на МАНУ Таки Фити, претседателката на НВО „Амбрела“ и граѓанска активистка Љатифа Шиковска, директорката на „Хелсиншки комитет за човекови права“, Уранија Пировска, претприемачот Коста Петров и претседателот на Управен одбор на „НЛБ Банка АД Скопје“ Антонио Аргир. Дискусијата ќе ја модерира Џабир Дерала, претседател на Цивил – центар за слобода.

Актуелниот владин состав беше избран во Собранието на 31 мај 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.