Форум за граѓански активизам: 2019 е најцрната година на патиштата во Македонија

Декларативни заложби, намален интинзитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени… Искршени возила, семејства кои живеат во трагедии – возачите секојдневно гинат на патиштата во државата. Македонија нема институционален капацитет за да се справи со безбедноста на сообраќајот. Ова се согледува преку секојдневно следење на фрапатните статистички податоци за сообраќајните незгоди во 2019 година“, се вели во соопштението на Форум за година е граѓански активизам.

Статистичките податоци покажуваат дека 2019 година е најцрна година на патиштата во Македонија, споредувајќи ги последните 20 години. Само за пример во споредба: во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20% во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25%.

Во првите шест месеци од 2019 година согласно податоците добиени од Министерството за внатрешни работи, 70 лица загинале во сообраќајни незгоди на патиштата. Статистиката и бројките одат нагоре, секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди. Во нив досега се загинати стотина луѓе, а илјадници се повредени.Неодамна еден полициски службеник го загуби својот живот во сообраќајна незгода, еден беше повреден, пред неколку дена уште два полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода.

„Безбедноста на сообраќајот на патиштата е една од приортетните теми на Европската унија, за жал во последно време се чини дека ова е една од најмаргиналните теми за државните институции. Ниту една институција не презема крајна одговороност да го реши овој важен проблем за граѓаните“, велат од Форумот за граѓански активизам.