Форум за локален економски развој во општина Илинден

148
илинден

На форумот се обрати градоначалникот Жика Стојановски, кој им се заблагодари на компаниите што дале свој придонес во развојот на општината и во подобрувањето на условите и квалитетот на живот во општината.

Стојановски го истакна придонесот на форумот во носењето на стратешките документи за локалниот економски развој на општината.

На форумот беа презентирани реализираните акциони чекори и активностите од Стратешкиот план за локален економски развој на општината, а биле разгледани и можностите за подобрување на условите за инвестирање. Претставниците од компаниите ги истакнаа поволните услови за водење бизнис поради кои го почнале или продолжиле својот бизнис во општината.

На присутните им се обратија и директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, како и претставници од Сојузот на стопански комори на Македонија, од ОБСЕ мисијата во Скопје и од УСАИД.

Форумот за локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година, а зацртаните чекори во овој Акционен план беа реализирани со 91 отсто успешност. Форумот, како што наведуваат од општината, дал придонес и во подготовката и рализацијата и на Стратешкиот план за локален економски развој на општината за периодот од 2012 до 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.