Фосилни отпечатоци од стапала укажуваат на постоење ран голем диносаурус грабливец

Траги од фосилни отпечатоци на стапала со три прста долги 57 сантиметри покажуваат дека огромен диносаурус месојад пустошел низ јужните делови на Африка пред 200 милиони години, во времето кога повеќето диносауруси грабливци биле со среден раст, се наведува во студијата објавена оваа седмица во научното списание PLOS ONE.

Научниците ги опишуваат отпечатоците од стапалата најдени крај древното речно корито во Лесото и проценуваат дека диносаурусот кому му го дале називот Kajentapus ambroholohali бил долг околу 9 метри.

Не се пронајдени никакви фосилни коски, меѓутоа отпечатоците сами покажале за животното коешто ги оставило зад себе. Научниците заклучиле дека станува збор за огромен теропод, односно двоножен месојад од групата диносауруси на коишто подоцна им припаѓале гигантските тираносаурус и гигантосаурус. Од териподот подоцна се развиле и птиците.

Каџенатапусот живеел во раниот период на епохата јура, веднаш по масовното изумирање на грабливците влечуги коишто живееле во претходниот период тријас, кога диносаурусите првпат се појавиле на планетава.

„Нашето откритие ја потврдува хипотезата дека териподите станувале големи релативно рано во својата еволуција, но очигледно не пред периодот кој го означува преминот од тријас во јура“, вели палеонтологот Фабиен Кнољ од шпанската фондација Динополис чии стручњаци соработувале со колеги од универзитетот во Манчестер.

Не постојат скелетни остатоци од толку големи диносауруси месојади од толку ран период на развој на диносаурус кој живеел на јужната хемисфера од некогашниот суперконтинент Гондвана. Постојат други фосилни остатоци од стапала од Полска кои укажуваат дека териподот со слична големина го населувал суперконтинентот Лаурасија, приближно, во истиот период.

Фосилните остатоци од терипод со слична големина датираат дури од периодот 30 милиони години подоцна, вели Кнољ. Отпечатоците од стапалата се пронајдени на местото каде што некогаш било речно дно во Лесото.

„Станува збор за првиот доказ од извонредно голем месојад кој талкал во тие подрачја на коишто доминирале разби тревопасни животни, сештојади и многу помали диносауруси грабливци“, додава палеонтологот Лара Скисчио од јужноафриканскиот универзитет во Кејп Таун.

По ова откритие објавено во средата, друга група научници во списанието Scientific Reports во четвртокот опишаа уште еден нов вид диносаурус, наречен materonodon provincialis, кој живеел пред околу 70 милиони години и чиишто фосилни остатоци се откриени на југот од Франција. Воочлива карактеристика на метеронодонот се неговите големи заби