(ФОТО) Двајца загинати во железничка несреќа во Португалија

Во несреќата на брз воз со машина за одржување на пругата во Португалија, загинале две лица а повредени се најмалку 37 луѓе, објави националната служба за спасување CNOS.

Портпаролот на CNOS изјавил за агенцијата Reuters дека два медицински хелокоптер, поркај 163 спасувачи меѓу кои и пожарникари, пристигнале на местото на несреќата.

Според најновите податоци од петокот вечерта кои ги објави портпаролот на службата за спасување, во најбрзиот португалски воз „Alfa Pendular“ имало 212 патници, од кои 30 имаат полесни повреди, додека седуммина се тешко повредени.

Несреќата се случи рано попладнето во градот Соуре во централна Португалија, 30-ина километри од градот Коимбра. Градоначалникот Марио Нуњез изјави дека двете жртви се работници на пругите на кои налетал возот. Машинистот е меѓу седумте тешко повредени, пренесе телевизијата SIC.

Портпаролката на локалната спасувачка служба во Коимбра изјавила дека дополнителни сили биле упатени на местот на несреќата.

Во пораката на својата официјална веб-страница, португалскиот претседател Марселот Ребело де Соуса, напиша дека „жали поради сериозната железничка несреќа“ и изразува сочувство до семејствата и блиските на загинатите.