ФОТО| Аквамен и запросувања на Скопскиот маратон

Убаво време, срушени државни рекорди, позитивна енергија и многу насмевки го одбележаа 17 издание на Виз ер Скопскиот маратон кој се одржа денеска.

Над 6000 тркачи учествуваа на Скопскиот маратон, а победниците Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција поставија нови државни рекорди.

Она по што меѓу другото ќе се памети овогодинешниот скопски маратон се неколкуте запросувања.

Позитивната атмосфера на маратонот ја надополни македонскиот Аквамен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.