(ФОТО) Американските сателити го снимија возот на Ким во летувалиште

Специјален воз кој можеби му припаѓа на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун е забележан во летувалиште во земјата, според сателитските снимки кои ги поседуваат американските експерти од проектот за следење на активностите во Северна Кореја, во екот контрадикторните извештаи за неговата здравствена состојба и местото на коешто престојува.

Проектот 38 North, во рамките на Американско-корејскиот институт од универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, во својот извештај од саботата наведува дека возот бил на „перонот за функционери“ во Вонсон на 21-ви и 23-ти април. Овој перон бил наменет за користење од страна на семејството Ким, се додава во извештајот.

Иако во извештајот се наведува дека веројатно станува збор за возот на Ким Џонг-ун, агенцијата Reuters не можела да го провери тоа од независни извори, ниту фактот дека специјалната блиндирана композиција се наоѓа во Вонсон.

„Присутноста на возот не докажува дека Ким престојува таму, ниту нешто друго не говори за неговото здравје, но дава тежина на извештаите дека Ким престојува на елитно место на источниот брег“, се наведува во извештајот.

Во неделата севернокорејското државно радио во атмосферата на извештаите за наводната тешка болест или смрт на Ким Џонг-ун извести за неговата „активна работа“, пренесува јужнокорејската службена новинска агенција Yonhap.

Во извештајот на радиото било наведено дека „другарот Ким Џонг-ун им упатил благодарност на работниците и соработниците кои сесрдно помагале во создавањето на градот Самџион“. Во која форма била упатена благодарноста, не било наведено во извештајот на радиото. Изградбата на новиот град Самџион со свеченост беше завршена кон крајот на минатата 2019 година, а на церемонијата присуствуваше лично Ким Џонг-ун.

Истовремено во неделата севернокорејската новинска агенција KCNA објави дека во четвертокот Кин добил телеграма со честитки од челникот на Комунистичката партија на Русија, Генадиј Зјуганов, по повод годишнината од посетата на севернокорејскиот лидер на Русија. Претходно агенцијата објавуваше информации дека Ким на 17-ти, 18-ти, 2-ти и 22-ри април, им испратил поздравни телеграми на челниците на Сирија, Зимбабве и Куба.

Кина во меѓувреме испратила група експерти за Северна Кореја, вклучително и медицински стручњаци, да го советуваат Ким Џонг-ун, пренесуваат западните медиуми, повикувајќи се на наводни неиуменуива три лица „запознаети со ситуацијата“. Според Reuters делагацијата ја води високопозициониран функционер на Комисијата за меѓународни односни на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, а која на 23-ти април заминала за Пјонгјанг. Но официјална потврда агенцијата не добила.

Нема нови извештаи за патувања или појавување во јавноста на Ким Џонг-ун. Последната фотографија во јавноста на Претседателот на Државниот совет на Корејската Народна Демократска Република (Северна Кореја) на веб-страницата на агенцијата KCNA е објавена во извештај од 12-ти април, кога присуствувал на тестови и инспекција на полк на воздухопловните сили.

Откако јужнокоресјкиот интернет ресурс Daily NK, специјализиран за информации од Северна Кореја, објави дека Ким се наоѓа во „животно загрозувачка“ состојба на третман по операција поврзана со кардиуваскуларниот систем, почнаа шпекулациите за крајно влошената состојба на севернокорејскиот челник. Некои медиуми, повикувајќи се на објави на социјални мрежи, нагаѓаа и за наводна смрт на Ким Џонг-ун.

Нагаѓањата за неговата здравствена состојба се засилија особвено бидејќи првпат Ким Џонг-ун не присуствуваше на 108-годишнината од раѓањето на основачот на Северна Кореја, неговиот дедо Ким Ил-сунг, што се одбележува на 15-ти април.

Daily NK цитираше неименувани извори во Северна Кореја кој во понеделникот рекол дека Ким е на медицински третман во одморалиште во округот Хјангсаб, северно од главниот град Пјонгјанг. Истиот наводен извор рекол дека Ким закрепнува откако бил подложен на кардиоваскуларна постапка на 12-ти април,

Потоа многу јужнокорејски медиуми цитираа неиуменувани извори дека Ким можеби престојува во Вонсан. Во петокот локалната новинска агенција Newsis објави дека јужнокорејските разузнавачки извори наведуваат дека во Вонсан е виден специјалниот воз кој го користи Ким, но дека неговиот приватен авион останал во Пјонгјанг. Според Newsis, Ким можеби се засолнил од коронавурисот, иако Северна Кореја во последниот извештај до СОЗ нема пријавено случај на Covid-19.

Јужнокорејската новинска агенција Yonhap, повикувајќи се на извори од владата во Сеул, претходно седмицава објави дека вестите за влошеното здравје на Ким Џонг-ун не се вистинити, и оти во Северна Кореја не се забележани никакви активности кои би навестувале некоја таква ситуација.

Претходно седмицава и американскиот претседател Доналд Трамп на брофингот со новинарите во Белата куќа рече дека според инфромациите кои ги поседува Вашингтон, медиумските извештаи за ситуацијата со Ким Џонг-ун не соодветствуваат на виостината.

И претходно имаше ситуации кога севернокорејските медиуми не известуваа воопшто за активностите на Ким Џонг-ун, за кој се претпоставува дека има 36 години. На пример, во 2014 година исчезна подолго од еден месец, а на севернокорејската државна телевизија подоцна беше емитувана снимка за која западните експерти тврдеа дека покажува дека тој накривнуива на едната нога.

Нагаѓањата за неговата здравствена состојна се поттикнати од фактите дека е неумерен страстен пушач, дека олигледно добил на теќината, како и на семејната анамнеза на кардиоваскуларни проблеми.

Во неделата и шефот на британската дипломатија Доминик Рааб во интервју за телевизијата Sky News потврди дека Лондон не поседива веродостојни информации за здавствената состојба на севернокорејскиот лидер.

„Досега сите извештаи (за наглото влошување на здравјето или смртта на Ким Џонг-ун) со ништо не се потврдени. Ги видов материјалите на оваа тема во светските медиуми, но досега немаме веродостојни сведоштва. Сепак, со големо внимание ги следиме информациите кои се појавуваат“, рече Рааб коментирајќи ги информациите на американската телевизија CNN за наводното влошено здравје на Ким.