(ФОТО) Апсење во Аеродром кај „Три Бисери“ за време на полициски час

861

Два тима на Интервентната полиција претпладнево околу 10:30 часот на булеварот Јане Сандански во Аеродром извршија апсење додека трае полицискиот час, објавува Телма.

На фотографиите се гледа како приведените се спроведени во интервентно возило-комби.

Полицајците од двата тима носеа ракавици. По апсењето, полициските возила се упатија во правец на ТЦ Бисер во чија близина се наоѓа полициската станица Аеродром.

Од СВР Скопје велат дека е приведено едно лице осомничено за прекршување на полицискиот час по член 206 од Кривичниот законик. Бил забележан од припадници на полицијата и приведен.

Од МВР утрово соопштија дека од 15 часот до утрово 71 граѓанин не го почитувале полицискиот час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.