(ФОТО) Арнолд Шварценегер повторно со поранешната сопруга на роденденската забава на синот

Арнолд Шварценегер е во друштво на поранешната сопруга, новинарката Марија Шрајвер, на роденденската забава на синот Патрик. На социјалните мрежи на славеникот се појавија заеднички фотографии од поранешните сопружници.

Пред некој ден, на 18 септември, Патрик Шварценегер го прослави својот 29-ти роденден во тесен семеен круг. На прославата била и неговата сакана, моделот Аби Шампион, и таткото и мајката – Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер. Родителите на Патрик се разведени повеќе од 11 години.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер се венчаа во 1986 година. Во 2011 година, набргу по случајот со вонбрачното дете на актерот со домашната помошничка, тие објавија дека се разделуваат, но нивниот брак официјално беше раскинат дури 10 години подоцна, во 2021 година.

Поранешните сопружници имаат четири деца: 32-годишната Кетрин, 31-годишната Кристина, 29-годишниот Патрик и 24-годишниот Кристофер.