(ФОТО) Автомобил се преврте на булеварот пред зградата на МАНУ

Сообраќајна несреќа се случила рано утрово во центарот на Скопје, од МВР за Курир велат дека за среќа возачот поминал без повреди.

На Булевар Крсте Петков Мисирков во 02:55 часот по полноќ автомобил од марката „Пасат“ со скопски регистарски таблички изгубил контрола над своето возило и се превртел.

Возачот Љ.Ч (45) за среќа поминал без повреди, а причинета е само материјална штета.