(ФОТО) Автомобил утрово влета во познато скопско кафуле

Рано утринава автомобил влета во терасата на скопското кафуле Манда на почетокот на булевар „Партизански одреди“ кај семафорите со улицата „Даме Груев“.

Според првичните информации на Страна.мк нема повредени, а е направена само материјална штета.

Во 6 часот и 30 минути маж со црн „пасат“ удрил во ограда од угостителски објект. Возачот излегол од автомобилот и без да погледне што се случило заминал. Колата ја оставил удрена во оградата.

По неколку часа шлеп служба го подигна возилото, а полицијата изврши увид.