(ФОТО) Автомобил влета меѓу луѓе во Берлин

192

Автомобил влета во неделата во толпа луѓе и притоа се повредени најмалку седум лица од кои три лица се наоѓаат во тешка сосотјба, соопшти полицијата на германската престолнина Берлин.

Инцидентот се случил во реонот Шарлотенбург, близу плоштадот Харденбергплац, кога автомобилоте од коловозот се качил на тротоарот. Засега не е јасна причината за несреќата, а возачот е приведен.

Едно од прегазените лица се нашло под автомобилот кога тој запрел, и морало да биде реанимирано. Седум други лица се здобиле со полесни и делумно посериозни повреди.

На местото на настанот нарбрзо пристигнале 60 припадници на противпожарната служба кои укажуваат помош во вонредни ситуации, а бил користен и хеликоптер за спасување.

„Во моментов се водат истржани дејствија за несреќеата (…) Засега нема знаци дека тој дејствувал од политички или религиозни побуди“, соопшти на Twitter берлинската полиција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.