ФОТО: Автомобили пропаѓаат по скопските улици

Ова е дел од секојдневието на македонските граѓани, локалната и централната власт постојано се фалат за асфалтирање на нови улици, но реалноста е сосема поинаква.

Во групата на фејсбук „Ѕид на сообраќајниот срам“ жител на скопската населба Автокоманда сподели фотографии на кои се гледа буквално апокалиптична слика на кршење на асфалтот во кој пропаднало возилото. Подоцна од фотографиите се гледа дека имало и интервенција на пајак службата за да се извлече автомобилот од дупката.

Граѓаните во коментари се прашуваат дали е ова можно и се грижи ли некој за безбедноста на возачите и пешаците во државава.