ФОТО| Бајден и Путин ќе се сретнат во швајцарска вила од XVIII век

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега по должност Владимир Путин планираат на 16-ти јуни да се сретнат на самитот во вила од XVIII век со поглед на Женевското езеро, пренесуваат медиумите и оценуваат дека станува збор за амбиент кој делува смирувачки за она што може да бидат усвитени преговори.

Американските напад за наводното руско мешање во изборите, кибернетичките напади, човековите права и Украина се прашањата за кои според Вашингтон ќе тежат на првиот состанок меѓу двајцата челници во живот, откако Бајден ја презема должноста на 20-ти јануари.

Стратешката нуклеарна стабилност и регионалните судири, исто така, ќе бидат ставени на масата. Бајден во обидот да изврши притисок врз соговорникот изнесуваше изминатата седмица во медиумите дека ќе го „притисне“ Путин за човековите права и оти ќе му се закани за хакерските упади. Москва не придаде многу значање и не одговараше на ваквите провокации, само кусо одговори дека на таа тема и Мосва „има што да каже“.

Самиот Путин минатиот петок кусо порача дека очекува разговорите да се одржат во „позитивна атмосфера“, иако не очекува придвижување нанапред. Рече и дека обвинувањата дека руските хакери сторијат зад кибернетичктие напади кои го запреа производството на место во Северна Америка и Авсралија, како и прекин на снабдувањето со горива на источниот американски брег, се обид да се предизвика политичка кавга пред самитот.

„И покрај ‘деструктивната бука’ од двете страни, постои двостраната цел односите да се доведат до предвидливо и стабилно ниво. Со текот на времето женевските самити станаа клучните за овој однос. А кога станува збор за тоа навистина да се поработи на важните области на соработката, стратешката контрола на нуклеарното оружје, поголем дел од овие преговори, исто така, се одвиваа во Женева“, изјави за новинарите во главниот град на Швајцарија, Роберг Легволд професор емеритус на американскиот Универзитет Колумбија и експерт за руски прашања.

Дипломатските извори очекуваат потврда на местото на одржување на самитит подоцна, веројатно во четврток. Швајцарската полиција и војската затворија два парка кои ја опкружуваат Вилата Ла Гранж , и поставија барикади и бодликава жица.

Неутрална Швајцарија, која не им се придружи на санкциите на Западот против Русија кои започнаа да се воведуваат од 2014 година по превратот во Украина кој го поддржаа западните држави по што тамошното руско и рускојазично население одговори со сепаратизам, лобираше за тоа самитот на двете моќни земји да се одржи во оваа алпска земја првпат по неколку децении.

Во ерата на Студената војна, американскиот претседател Роналд Реган и последниот советски челник Михаил Горбачев го одржаа својот прв самите во Женева во ноември 1985 гоина и се договорија за намалување на нуклеарните арсенали.

Во Женева во 2009 година американската државна секретарка Хилари Клинтон му даде на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров жолта кутија во која се наоѓаше црвено „ресет“ копче што требаше да симболизира подобрување на односите во времето на администрацијата на претседателот Барак Обама, чиј потпретседател во двата мандата беше Џо Бајден. Но тогаш зборот „ресет“ беше погрешно интерпретиран во рускиот збор со значење за „прекумерно полнење“, што доведе до непријатна ситуација. Во секој случај, токму под оваа американската администрација започнаа и нападите кон Москва, испровицирани од руските реакции на американските активности на глобален план.

Сегашниот американски државен секретар Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ги придружуваат претседателите Џо Бајден и Владимир Путин.

Вилата во класичен стил е сместена во паркот на левиот брег на Женевското езеро. Ишаран со стеблата на секвои, грмушки од рози и древни фонтани, паркот нуди прекрасен поглед на езерото и едрилиците кои пловат.

Бајден во Женева, исто така, ќе се сретне со швајцарскиот претседател Ги Пармелен. Швајцарија ги претставува американските интереси во Иран по Исламската револуција во 1979 гоина, често олеснувајќи го разменувањето на затворениците меѓу двете непријателски земји. Се претпоставува дека проблемите со даноците ќе бидат дел од нивните разговори, откако Бајден во април ја критикуваше Швајцарија како „фискален рај“.