(ФОТО) Балашевиќ пак се шегува на своја сметка, еден месец по инфарктот: Сега сум СТЕНТ-АП комичар (ФОТО)

На Ѓорѓе Балашевиќ поради проблемите со срцето мораа да му вградат стентови, а само еден месец по операцијата кантавторот одржа концерт во Осијек и скоро четири часа пееше пред бројната публика.

Како и секогаш, за време на концертот, зборуваше со публиката, па дури и се пошегува на своја сметка.

„Го почнуваме концертот како ништо да не се случило. Правете се луди. Дојдоа и момците од бендот, на кои малку им ги подзаборавив имињата, под лекови сум, не знам. Ако ги заборавам текстовите, вие сте тука. Јас секогаш доаѓам да донесам енергија, а денеска сум тука за да земам малку од вашата енергија, и порача Балашевиќ на публиката.

„Веќе не сум стенд-ап комичар. Сега сум стент-ап комичар, затоа што ми вградија четири стента. Што би рекол оној во филмот, „Ама ме поправија!“ Ете, толку за тоа“, рече Балашевиќ.