22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

(ФОТО) Бијонсе во провокативно издание за својата нова модна колекција

Пејачката често сама ги рекламира производите од својата модна линија.

Пејачката Бијонсе поради своите бујни облини добива многу комплименти од своите фанови. Но и самата е свесна за својот изглед па не престанува да ги примамува купувачите на социјалните мрежи како би ја зголемила продажбата од модната колекција „Icy Park“ од својата модна линија „Ivy Park“.
Стегната во латекс од глава до пети, објави фотографии од сите агли на кои се гледаат нејзините буни облини.

Облеката која моментално ја рекламира Бијонсе е наменета за вежбање, но и за прошетка низ град. Од саботата се наоѓа на полиците во продавниците, но и на интернет продажба.

Цената на парчињата облека се движи од 70 до 130 долари, а на интернет одредени комбинации се веќе распродадени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.