ФОТО| БиХ: Полицијата во Мостар пронајде завиден воен арсенал

Припадниците на Федералната полициска управа во Мостар пронајдоа завиден арсенал оружје, вклучувајќи митралези, ракетни фрлачи, експлозиви, механизми за нивно активирање и уапсија едно лице, соопштено е во петокот.

Според полициското соопштение, иако првично барале дрога, извршен е претрес во просториите што ги користел 27-годишник од Мостар пронашле 15 митралези и неколку снајпери, ракетни фрлачи со проектили, пиштоли, рачни бомби, експлозиви и механизми за нивно активирање, како и поголем број парчиња муниција.

Дополнително, пронајдена е и одредена сума пари за која се претпоставува дека е прибавена благодарение на незаконски активности.

Припадниците на Федералната полициска управа го откриле ова при претрес на објект во областа на Мостар, што го извршиле по наредба на жупаниското, окружното обвинителство на Херцеговина и Неретва.

По апсењето, 27-годишникот бил сослушан во просториите на Федералната полициска управа во Мостар, а потоа бил предаден на жупаниското обвинителство со пријава за кривично дело „недозволено држење оружје или распрскувачки материјали“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.