14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

ФОТО| Бојан Стојаноски прв ја објави својата изјава заверена на нотар

Јас, Бојан Стојаноски, пратеник во македонското собрание, со мандат добиен од македонските граѓани на парламентарните избори во 2020 година, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека:

Нема да гласам за промена на македонскиот устав (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/1991) со цел внесување на бугарскиот народ во преамбулата или во било која одредба од истиот, ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава.

Оваа моја изјава е дадена со чиста совест и истата е неотповиклива.
Никогаш, никогаш нема да дозволам тие што ми ја дале довербата, тие што ме познаваат, моите пријатели и семејството да одат со наведната глава.

Ние сме минливи, Македонија е ВЕЧНА !

Фејсбук статус на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.