Самба, сексипил, енергија, забава, експлозија на бои и костими…Бразил живее во духот на Карневалот, традиција која се практикува 150 години.
Четиридневна прослава на животот и самбата низ улиците и плажите на Рио Де Женеиро, проследена со многу еуфорија и возбуда.
Карневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од век и половина , кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.
Карневалското лудило започна во петокот, а ќе заврши вечерва со гламурозна и урнебесна забава. Се очекуваат повеќе од милион посетители и над 73 милиони долари заработка.
Најмасовниот и најпопулaрниот карневал во светот зaпочнува со Самбадромот, односно 12 училишта за самба кои се натпреваруваат меѓу себе, не само во танцувачките способности, туку и во креативноста за изработка на уникатна флота, костими и музика.
Карневалот во Рио симбол за самба и танц, забава дополнета со експлозија од звуци и бои, традиција која секоја година зема се поголеми размери.