(ФОТО) Бредли Купер и Ирина Шајк повторно фатени заедно!

Популарниот пар беше фотографиран на улиците на Њујорк.

Љубовта меѓу најпознатата руска манекенка и актерка Ирина Шајк и славниот американски филмски продуцент и актер Бредли Купер нагло беше прекината по медиумските шпекулации и врската на Бредли Купер со Лејди Гага.

Од голема љубов, која претходно одолеваше на бројни предизвици, израсна и нивната ќерка Леа, околу која подеднакво се грижат денес и убавата манекенка и славниот актер. Љубовта кон нивната ќерка и целото внимание што ѝ се посветува повторно ги зближува Бредли и Ирина.

Така беше и пред неколку дена кога ова славно дуо беше фотографирано на улиците на Њу Јорк додека се враќаа од навабка на намирници со нивната ќерка Леа. Поранешните сопружници не покажаа дека искри повторно сјаат меѓу нив, но тие сигурно покажаа дека љубовта кон нивната ќерка ги надминува сите пречки и конфликти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.